ЧУДО НА ЗАПАЛЕНИОТ ТРАЕКТ ВО ГРЦИЈА-ПО ДВА ДЕНА ПРОНАЈДЕН Е ЖИВ ЧОВЕК: Спасувачите не ја прекинуваат потрагата

Еден од патниците кои исчезнаа на траектот кој во петокот се запали во Јонското Море во Грција е пронајден жив.

Според Би-Би-Си, мажот бил забележан во предниот дел на бродот и стапил во контакт со спасувачите, изјавил службеникот на бродот.

Единаесет лица се водат како исчезнати, додека повеќе од 270 се спасени и пренесени на островот Крф. Еурофери Олимпија под италијанско знаме се запали на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи. Пожарникарите се бореа со пожарот што го зафати бродот. Се верува дека се исчезнати сите возачи на камиони од Бугарија, Грција, Турција и Литванија, соопштија претходно грчките власти.

Еурофери Олимпија испловил од Игуменица во Грција кон Бриндизи кога избил пожар на палубата од автомобил.

Возачите и роднините на исчезнатите силно ги осудија условите во Еурофери Олимпија во интервјуа за грчките медиуми. Операторот на траектот рече дека 27-годишниот брод последен пат поминал безбедносна проверка во средата.

sunwin tài xỉu tải sunwin apk game bài sunwin

sun win

sunwin web sunwin.apk mới nhất sunwin apk

tải sunwin

game bài sunwin sunwin club sunwin apk