Царовска:Во Охрид победуваме, затоа што ги решаваме тешките прашања и имаме најдобра понуда

Децата, учениците, студентите, младите се врвен приоритет на централната и локалната власт, којашто изминатите 4 години ја предводи СДСМ и коалиционите партнери. Затоа, огромен дел од средствата за капиталните инвестиции ги наменивме токму за изградба на нови градинки, спортски сали и реконструкција и изградба на училишни објекти. Ова го истакна, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, која вечерва заедно со актуелниот, но и кандидат за градоначалник на СДСМ, Константин Георгиески, се сретнаа со жителите на Охрид.

,,Нема општина, вклучувајќи го и Охрид, кадешто изминатите неколку години не е вложувано во подобрување на условите за образование, проширување и изградба на нови капацитети за детска заштита и воспитание и за унапредување на стандардот на младите. Верувам дека како жители на Охрид ја препознавате нашата заложба за создавање на подобри услови за живот на сегашните и на идните генерации и убедена сум дека на 17 октомври ќе го заокружите бројот 12 и ќе гласате за продолжување на позитивните промени’’, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ, истакна дека со гласањето за Георгиески и советничката листа на СДСМ, граѓаните на Охрид гласаат за современо и инклузивно образование, за квалитетни услови за ран детски развој, за подобра инфраструктура, за заштита на животната средина и развој на Охрид во уште подобра и поатрактивна туристичка дестинација.

,,Во следните четири години продолжуваме да инвестираме со уште посилна динамика од досегашната.
За постестување во Охрид направивме санација на кров и реконструкција на фасада на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски. Во зградата на ОУ ,,Григор Прличев’’, заменети се надворешните прозорци и врати во 2020 година’’, рече Царовска.
Дополнително во Пештани во тек е реконстрикција на ОУ ’’Св.Наум Охридски’’ Пештани, а сo над 35 милиони и денари е опремен Дневниот центар за аутизам. Исто така, на ниво на држава целосно се обновуваат студентските домови со германски грант. Со оваа реконструкција е опфатен и студентскиот дом ,,Никола Карев’’ во Охрид.

sunwin

game sunwin sunwin sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin web tải sunwin apk game sunwin