Циципас: Новак сам си ги одредува правилата, сите нѐ направи будали

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не е импресиониран од однесувањето на светкиот рекет број 1 – Новак Ѓоковиќ оценувајќи дека Србинот си игра по сопствени правила и така го ризикува целиот турнир Австралија опен.

Ѓоковиќ уште исчекува конечна одлука дали ќе му биде дозволено да остане во Мелбурн и да оди на 10-та титула од гренд слем турнирот по добиената судската битка по неколку бурни дена во Австралија.

Циципас, кој загуби од Ѓоковиќ во финалето на „Ролан Гарос“ минатата година, јасно ја кажа својата позиција.

„Тој си игра по сопствени правила. Никој не би си помислил: ‘Ќе дојдам во Австралија невакциниран и нема да ги следам протоколите што ми ги даваат’. За Новак, работите функционираат поинаку. Тоа бара многу храброст. Да се постави гренд слем под ризик – малку тенисери би го направиле тоа. Има два начина да се гледа на тоа – еден е дека речиси сите тенисери се вакцинирани и го направија тоа што е потребно да играат во Австралија. Ги следевме протоколоите за да дојдеме тука. Малкумина од тенисерите решија да го прават тоа на свој начин. Така ние другите изгледаме како будали“, вели Циципас.