ЦИСТЕРНИ ОД СТРУМИЦА, КОЧАНИ, РАДОВИШ, ПРОБИШТИП И АРМИЈАТА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ПОМОШТА ЗА ШТИП КОЈ ОСТАНА БЕЗ ВОДА ВО СРЕД ПАНДЕМИЈА СО КОРОНА

По веста на порталот СДК дека градот Штип и граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат два дена без вода во сред пандемија со Корона, побаравме изјава од локалните власти во Штип дали е тоа точно од таму ни изјавија:

– Повикана е армијата на помош со свои цистерни, побарана е помош и од соседните градови Пробиштип, Радовиш, Кочани, Струмица и сите испратија цистерни со вода со што се помага на населените места со вода за пиење и техничка вода. Вклучени се и сите капацитети на ЈП ИСАР кој поседува 5 цистерни за вода. Се работи и на санирање на дефектот на главната водоводна цевка која пука неколку пати по ред откако ќе биде заменета, не знаеме дали се работи за лош квалитет на материјалите или некој друг проблем но бргу проблемот ќе биде решен, работиме на тоа 24 часа без прекин!