Денеска, директорот Стојанче Ангелов, заедно со дел од тимот на Секторот 112, одржа работна средба со имплементаторите од Европската Унија на Единствениот европски број за итни повици 112, предводени од Габор Фришман, тим лидерот на ЕУ проектот Е 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оваа средба е дел од последните чекори, подготовка, за пуштање на Единствениот број за итни случаи 112 на целата територија на нашата држава, што е планирано да се реализира наскоро, почнувајќи од месец март, годинава.