9.8 C
Скопје
19/04/2024 11:37
МАКТЕЛ

  

     

 

Да ги храниме економиите не депониите – банките за храна помагаат во борбата против гладта [фото]

      

   

Душко Христов, Банка за храна Македонија; Фото: Мета.мк
Да ги храниме економиите, а не депониите. Ова е мотото на Банката за храна Македонија, која веќе 12 години неуморно се бори против фрлањето на храна како отпад во земјава и против гладот меѓу македонските граѓани. Со Душко Христов, основач и раководител на организацијата, разговаравме во нивните простории во Скопје во периодот кога се подготвуваа месечните пакети кои ги доделуваат до социјално загрозените лица во скопската општина Центар.

 

Банката за храна Македонија има главна дејност за собирање на вишоците храна од сите оператори со храна, како што се производителите, дистрибутерите, супермаркетите и рестораните, и нејзино складирање, евиденција, сортирање и дистрибуција до различни категории на социјално загрозени лица. Членки се на Европската федерација на банки за храна, каде се собрани над 420 банки за храна.

   

     

„Скоро 12 години како банка за храна во етерот на граѓанскиот активизам во Македонија ние успеавме да собереме и споделиме над 2.000 тони храна“, вели за Мета.мк Душко Христов.

Од почетоците на нивното функционирање до денес, над 22 различни компании се вклучиле како поддржувачи на банката за храна. Денес, Банката за храна Македонија има седум постојани поддржувачи, кои на месечна основа ја покажуваат нивната хуманост и донираат прехранбени производи кои се дистрибуираат до граѓаните на кои им е потребна помош.

Христов особено нѝ потенцира дека самите граѓани ја препознаваат Банката за храна Македонија како организација, па така само во изминатиов месец имало над 20 телефонски јавувања од граѓани кои се одлучиле вишоците на храна од свадби, прослави, погреби да ја донираат, а нивната организација навремено ги презела и доставила ваквите вишоци до крајните корисници.

Додека светот се расфрла со храна, поединци гладуваат
Според податоците на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП), дури 17 отсто од светското производство на храна во 2021 година завршило на депонија. Глобалниот индекс на отпад од храна за лани покажува дека дури 61 отсто од фрлената храна на отпад потекнува од домаќинствата, 26 отсто од сервисите за производство на храна, а 13 отсто од продажните центри. Македонија нема точно определени статистички податоци за тоа колкави количества на храна завршуваат на отпад на годишно ниво, бидејќи Државниот завод за статистика (ДЗС) неа ја вбројува во единствена категорија „органски отпад“, во кој се вклучени собраните лисја и други состојки за компостирање.

Сепак, стапката на сиромаштија во Македонија е фрапантна. Според последните податоци на ДЗС, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 отсто, односно под прагот на сиромаштијата живеат 451.900 лица. Во 2020 година, во земјава имало 32.345 домаќинства кои биле корисници на социјална помош. Бројката на малолетни корисници на социјална заштита изнесувала 16.262 лица, заедно со 49.263 полнолетни корисници на социјална заштита. Ваквите податоци се однесуваат за периодот пред настапувањето на глобалната енергетска и економска криза, која годинава предизвика драстични поскапувања на цените на основните прехранбени производи, струјата, нафтените деривати и гасот.

Душко Христов вели дека состојбата со сиромаштијата и недостигот на храна се влошува, во услови кога вредноста на минималната потрошувачката кошничка за едно семејство во јули 2022 година се искачила на 47.042 денари, според последните податоци објавени од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). На оваа криза ѝ претходеше и ковид-19 пандемијата, кога само во период од една година од Банката за храна поделиле по 819 поединечни пакети за храна на фамилии и поединци кои го изгубиле работното место во земјава.

Општините Центар и Кавадарци најмотивирани меѓу институциите за соработка
Банката за храна Македонија може да дистрибуира помеѓу 10 и 12 тона храна на месечно ниво. Нејзиниот основач посебно одвојува две општини во земјава – скопски Центар и Кавадарци, со кои непречено и континуирано соработуваат подолг период наназад.

„Во Општина Центар доделуваме 150 пакети уште од 2018 година, тоа значи веќе е четврта-петта година“, објаснува Христов за месечните пакети за храна кои ги добиваат социјално загрозените граѓани од центарот на Скопје.

Донираните прехранбени производи што се сортираат; Фото: Мета.мк
Покрај во Скопје, локална банка за храна е отворена и во Кавадарци, каде што исто така на месечно ниво се донираат помеѓу 2 и 3 тони храна, а во нејзиното функционирање се вклучени и локални волонтери.

„На нивен грб се околу 100-150 фамилии месечно, благодарејќи на градоначалникот Митко Јанчев и Советот на општина Кавадарци, нѝ доделија и простор и возило за дистрибуција на добиените донации до крајните корисници“, објаснува Душко Христов.

Тој додава дека се обратиле за соработка до речиси сите општини во Македонија, додека со 11 општини потпишале меморандуми за соработка, но до денешен ден не се создале конкретни услови за да отпочнат со работа. Солидна соработка е воспоставена и со општините Јегуновце, Новаци, Штип и Битола во изминатиов период, а во делот на компаниите, Христов ги споменува Тинекс, Стокомак, ВЕРО, Рамстор, Винчини и Витаминка.

Благодарејќи на соработката со ЕНВИРУМ, секојдневно во 11 градови низ земјава лебот и печивата од маркетите на ТИНЕКС преку партнерските организации се распределуваат до крајните корисници.

Христов вели дека управниот одбор на Банката за храна Македонија одлучил да формираат во иднина дополнителни банки за храна во земјава во наредните пет години, како би се овозможило формирање на македонска Федерација на банки за храна. Веќе имаат 19 посветени партнерски организации во градовите низ земјава, со кои е воспоставена професионална соработка.

Банката за храна Македонија има сопствено складиште во Скопје, кое им е на располагање веќе шеста година преку компанијата Тргојуг. Имаат две превозни средства за дистрибуција на храната во Скопје и Кавадарци, како и дополнителен простор од 65 метри квадратни во Кавадарци.

Христов објаснува дека нивни досегашни поддржувачи се Европската Унија, Цивика Мобилитас и Church Baptist Fellowship во Македонија, но се отворени за соработка и со субјекти кои допрва ќе пројават интерес.

И она што е најважно, тие имаат 47 волонтери кои несебично помагаат во складирањето, пакувањето и дистрибуцијата на храната, без кои е незамисливо функционирањето на банката за храна.

Списоците на социјално загрозени граѓани не ги составува банката за храна, туку Одделението за социјални работи при Општина Центар и Центарот за социјална работа во Кавадарци, при што врз основа на ваквите листи се врши транспарентна дистрибуција на храна. Кога ќе останат вишоци на храна во Скопје, Кавадарци, Битола и Штип, тие се распределуваат до партнерските организации.

Банката за храна нуди можности за младите лица
Од Банката за храна Македонија упатуваат посебна порака до младите лица во земјава за вклучување во нивната дејност. Покрај можноста за волонтирање во подготовката и дистрибуцијата на храната, младите треба да знаат дека тие не работат единствено на ова, туку и имаат многу други активности.

Душко Христов информира дека се иницијатори за изработка на посебен Закон за донирање на вишок храна, дел се од работна група за донации и спонзорства, планираат да иницираат измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и се дел до социјалните совети на локално ниво. Млади луѓе и студенти по право, економија, социјална работа, земјоделство, но и од другите струки, може да се вклучат во активностите што ги презема банката за храна.

„Сите оние коишто мислат дека имаат потреба и можност да се докажат во полето коешто го работат, ние сме секако отворени“, вели Христов, додавајќи дека на младите волонтери им даваат можност и самите да осмислуваат проекти и да се пронајдат себеси.

Како членка на Европската Федерација на банки за храна, младите преку нив имаат можност да се стекнат со посебни искуства во делот на банкарството со храна. Па така, во Германија нивна сестринска организација има посебна академија, која е единствена во светот и каде можат три-четири наши млади студенти да одат на практиканска програма и да се стекнат со знаења за банкарството со храна. Преку Европската Федерација на банки за храна годишно се одржуваат од четири до пет тренинг модули низ Европа, на кои можат да бидат пратени млади луѓе коишто се желни да научат нешто ново.

„Банката за храна е жива материја, за која што јас велам дај Боже да ставиме клуч на врата, бидејќи тоа ќе значи дека нема сиромаштија и нема глад. Гладот е најтежок вид на сиромаштија“, им порачува на младите Душко Христов.

Мета.мк изминатово лето беше во посета и на најстарата банка за храна во Португалија, од каде што исто така подготвивме репортажа за нивното функционирање.

    

Најново

Мицкоски повика на македонско национално единство: Обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ

Sase Ivanovski

На Чаир „врие“: „Шверцерите“ бараат смени по нокаутот во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЦИА предупредува: Украина може да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта

Sase Ivanovski

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“

Sase Ivanovski

Бодибилдерот Зоран Лазаревски-Паљо: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса на Широк Сокак

Sase Ivanovski

Почнува „Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Sase Ivanovski

Британка 2000 пати повикала Итна помош од 17 различни броеви, заврши 22 недели во затвор

Sase Ivanovski

Од Иран доаѓаат деманти дека земјата била нападната

Sase Ivanovski

Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Sase Ivanovski

Планот за раст за Западен Балкан – можност за раст на компаниите, мобилност на младите, вклучување во дититални иновации и медицински набавки

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Мои сограѓани, моја европска Крива Паланка. Ајде заедно во нова изборна победа!

Sase Ivanovski

КОНЦЕРТОТ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИНАРОТ ВАСКО ПОПЕТРЕСКИ ГО ФАТИ МАКСО КАКО ЛАЖЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРКОВИЌ: МИТИНЗИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНАТ, МАЧАТ НАРОД СО АВТОБУСИ ВО ДИГИТАЛНА ЕРА КОГА ТИЕ СЕ ТОТАЛНО НЕПОТРЕБНИ

Sase Ivanovski

ДОБРО Е ТУРЦИТЕ ШТО НЕ ИЗДРЖАЛЕ 500 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Димитриевски: Ако не влезам во вториот круг, ќе излезам и ќе гласам како обичен гласач

Sase Ivanovski

Брејк отвора радио станица за народна музика: ,,Естрада” ќе биде број еден!

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Благодарам што си искрен поддржувач на заедничката кауза #МКвоЕУ

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Да бидам носител на листата во четвртата изборна единица за мене е чест и одговорност

Sase Ivanovski

Пендаровски за Фокус: Нема човек или партија што може да каже дека ме контролира!

Sase Ivanovski

Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”

Sase Ivanovski

Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија

Sase Ivanovski

Не можете да вртите глава колку што радикалните ставови на Стоиљковиќ можат да ја предизвикуваат демократската јавност во Македонија

Sase Ivanovski

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Sase Ivanovski

ГРАБЕЖ ВО ЧАИР: Влегле во менувачница, украле сеф полн пари, избегале со голф без таблички…

Sase Ivanovski

Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Sase Ivanovski

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Sase Ivanovski

Таравари: 800 евра минимална плата – економијата и емиграцијата бараат одговори

Sase Ivanovski

Симулација на „Европскиот фронт“ – Османи претседател на државата, Села на Собранието, а Бугарите внесени во Уставот

Sase Ivanovski

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОДИК: АКО ДОЈДЕ ТРАМП НА ВЛАСТ ВО САД, БОСНА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ СЕ СПОИ СО СРБИЈА

Sase Ivanovski

Уапсена црногорската директорка на Агенција за спречување корупција

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НАМЕСТО ДА БЕГА ОД ДЕБАТИ, ПЕНДАРОВСКИ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ И ДА НЕ РАСТУРИ ЗАТОА ШТО 5 ГОДИНИ ГИ ИМА СИТЕ ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЗЕМЈАТА И РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: БУЈАР ОСМАНИ МОЛЧИ ЗА 15 000 ДЕЦА УБИЕНИ ВО ГАЗА, АМА ЗА ДА СЕ ДОДВОРИ НА САД ИСПРАВА КРИВИ ДРИВИ ЗА СРЕБРЕНИЦА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Заедно да ги искачиме последните угорнини за да останеме на правилниот пат за нашите деца и за нашата држава

Sase Ivanovski

СЗО: Зголемен е ризикот од птичји грип да премине кај луѓето, многу сме загрижени

Sase Ivanovski

Скопјанец отишол на работа кај поранешната сопруга и ја претепал

Sase Ivanovski

Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи: Очајно бараат храна и вода

Sase Ivanovski

Поскапува кафето поради сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина

Sase Ivanovski

Почина млад маж од Виница, му се слошило додека седел во двор

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ДОКАЗ ДЕКА ЖЕНИТЕ НА СЕ ЌЕ НАЈДАТ МААНА: МАЖ СЕ ПОЈАВИ ДОМА СО ПОЛА ПИТА ПАРМЕЗАН ОД 20 КИЛА КОЈА УСПЕАЛ ДА ЈА КУПИ ЗА САМО 10 ЕВРА, ЖЕНА МУ ГО КАРА?!?!

Sase Ivanovski

ДОДЕКА РУСИЈА СЕКОЈ ДЕН СО БОМБИ УБИВА ЦИВИЛИ НИЗ УКРАИНА, РУСКИОТ ГЕБЕЛС ПРОДОЛЖУВА ДА ТРЕСЕ ГЛУПОСТИ И ДА ГЛУМИ ЖРТВА – Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија

Sase Ivanovski

Милановиќ: Во тек се разговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Sase Ivanovski

Рускиот научник Александар Куранов осуден на седум години затвор заради одавање државни тајни

Sase Ivanovski

ИЛИ СИ ВМРОВЕЦ, ИЛИ НЕ СИ!

Sase Ivanovski

Ако Русија победи може да има трета светска војна, кажа Украина

Sase Ivanovski

Судскиот совет не ги намали месечните норми на судиите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер нема храброст за одлука

Sase Ivanovski

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

“Џонсон Мети” прогласен за Најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции, втора година по ред

Sase Ivanovski

Советот на Општина Центар даде зелено светло за бесплатни тренинзи на  јуниорите на КК Работнички во салата на ООУ ,,Коле Неделковски’’ 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Познатиот бренд HOMAX од денеска и во Струмица преку Продажно-изложбениот салон Vivene by Homax, кој се наоѓа во кругот на поранешен „Југопромет“ на улица „Климент Охридски“ бр. 51, веднаш до модниот салон на Elena Luka

Sase Ivanovski

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата

Sase Ivanovski

Ќе се повтори постапката за конфискација на зградата на ССМ, Трендафилов очекува Врховен да одлучи до 1 Мај

Sase Ivanovski

Со изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на Јанешлиева ќе биде отворен македонскиот павилјон во Венеција

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за свирепото убиство на жена во Кочани

Sase Ivanovski

ПУШТЕН ВО РАБОТА НОВИОТ РЕДИЗАЈНИРАН ВЕБ САЈТ НА УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЛЕНКОВИЌ Е ЦАР: Што има везе што компирите се 2,5 евра за кило, Хрватите имаат пари, гледате дека се е продадено?!

Sase Ivanovski

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Sase Ivanovski

Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи? ДПМНЕ би направиле коалиција и со црниот ѓавол за да се доберат до буџетот на државата!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ не кажува ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Sase Ivanovski

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРОВЦИТЕ СЕКОГАШ ЗНАЕЛЕ ДА ПРАВАТ ДОБРИ ИЗБОРНИ СПОТОВИ

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково

Sase Ivanovski

Ковачевски: Просечна плата од 1.100 евра, минимална од 600 и невработеност од 7 отсто до крајот на следниот мандат

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат

Sase Ivanovski

СТОКОМАК СЕ ЦАРЕВИ: ДОВЛЕЧКАЛЕ ПИВО ОД РОМАНИЈА ПО ЛУДА ЦЕНА ОД 90 ДЕНАРИ ЗА 2 ЛИТРА?!

Sase Ivanovski

Одбележувајќи го светскиот ден на уметноста,15 април, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ – ФОН, ја промовира виртуелната онлајн изложба и проекција на завршните дела на студентите од академската 2022/23 година

Sase Ivanovski

Високо ангажирана дискусија за економска сигурност и ланците на снабдување со Jonathan BERKSHIRE MILLER во Американскиот универзитет на Европа – ФОН

Sase Ivanovski

Две лица уапсени во Германија под сомнение дека планирале саботажи, вклучително и против воени објекти на САД

Sase Ivanovski

Njoftimi për shtyp | Karvani i Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve është pjesë e fushatës – “ËSHTË RADHA JOTE” dhe fillon nesër në Gradsko, Manastir dhe Plasnicë

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ПОСТОИ ЦЕЛА НАУКА ЗА ТОА КАКО ДА ПОЗИРАШ ЗА ДОБРА ФОТКА ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

ПАРТНЕРСТВА СО ГЛОБАЛНИ БРЕНДОВИ И ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО Фармацевтската компанија Галеника продолжува стратешки да го проширува портфолиото преку партнерство и ексклузивен договор со компанијата Cantabria Labs, една од водечките шпански производители на премиум дермокозметички брендови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: БУЈАР ОСМАНИ Е КАКО ЖИРАФА, ЈАДЕ ТРЕВА КАЈ НАС А МЛЕКОТО ГО ДАВА ВО КОСОВО И БОСНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА ТУРИСТИЧКО МЕСТО ДО КОЕ СЕ СТИГА ПО 7000 СКАЛИ ЗА КОИ ТРЕБА 4 ДО 6 ЧАСА ДА СЕ ИСКАЧАТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....