ДАНЕЛА ОБОЖАВА ДА ПРАВИ МАЈМУНИ ОД СКОПЈАНИ – Превозот не поскапува, туку се воведува нова услуга

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ, велат дека јавниот превоз на поскапува туку дека се воведува нова услуга.

„Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење. Новото раководство на ЈСП Скопје ќе продолжи да применува проекти во интерес на корисниците на јавниот превоз, користејќи ги сите расположливи ресури и капацитети на претпријатието“, велат од ЈСП.

Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје, реагираше на најавата дека ЈСП воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз кој ќе чини 120 денари.

„СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. Претпријатието е водено несовесно од претходното раководство и поради тоа се наоѓа во толку лоша состојба“, велат од ЈСП.

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin apk game bài sunwin sunwin club

sunwin tài xỉu sunwin apk sunwin apk