ДАНЕЛА ОСТРО КОН ТАРАВАРИ: ЗА ТЕБЕ АКО Е ОК НЕКОЈ ДА МАФТА СО ПИШТОЛИ И ДА ПОДГРЕВА МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ, ПРАВИ ГО ТОА ВО ГОСТИВАР, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ТАКВИ АКТИВНОСТИ ВО СКОПЈЕ

Изјава за јавност од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

“Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје.

Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува.

Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат.”