ДАНЕЛА СЕ ИЗГУБИ, ГРАДОТ ТОНЕ ВО ХАОС – ДЕСЕТ ДЕНА ОТКАКО ГО ПОСТАВИ, АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ФИЛИП ПАСХУ, НОВ В. Д. Е БОЈАН ХРИСТОВСКИ

Филип Пасху (лево) беше назначен на функција на 31 декември, а од денес нов в. д. директор е Бојан Христовски (десно). (Фото: СДК.МК)

Само десет дена откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го постави Филип Пасху за в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“, тој е разрешен од функцијата. Од денеска, в. д. директор на претпријатието е Бојан Христовски, кој досега бил вработен во Министерството за внатрешни работи.

Од кабинетот на Арсовска велат дека Пасху бил само времено решение.

„Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови. Тој ќе има ангажман со нова позиција во Градот. Претпријатието има нов директор, Бојан Христовски“, велат од Град Скопје.

Пасху беше назначен на функцијата на 31 декември и и тогаш во соопштението од Градот не беше наведено дека тој е времено решение, туку стоеше дека поставен е нов в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“.

„Пасху е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Имал искуство и од позицијата неизвршен директор на АД „Енергетика“ Скопје, бил заменик-директор на ‘Градски паркинг’, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие“, стоеше во соопштението од Град Скопје од 31 декември.

tải sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin club

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin