ДАНКЕ АВСТРИЈА – Филипче: Пристигнаа уште 11.700 дози „Фајзер“

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” , објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Од пристигнатите, 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Link with us
Game bài đổi thưởng