Декларација од Брдо-Бриони: ЕУ без одлагање да започне преговори со С Македонија и Бугарија

Да се бара од една земја кандидат, која и во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И на тоа отворено ќе се спротивставам, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Ја повикуваме ЕУ да го гледа регионот на Западен Балкан како целина, и не само како одделни земји со кои преговара. Ова порака ја пренесе словенечкиот премиер Борут Пахор, по завршувањето на денешниот самит на Процесот Брдо – Бриони, н кој освен тој и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, учествуваа и шест претседатели на земји од Западен Балкан.

Тие усвоија и декларација во која се наведува дека Брисел треба да гледа на регионот како геополитичко прашање.

Во декларацијата уште се вели дека ЕУ треба без одлагање да започне преговори со С Македонија и Албанија и се нотира проблемот кој го има нашата земја со блокадата од Бугарија.

Тој рече дека улогата е да им се помогнеме на соседите од регионот во процесот на евроинтеграциите.рече Милановиќ.

Link with us
Game bài đổi thưởng