ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија

Поради интерес на медиумите, Одделението за односи со јавност на Министерството за здравство испраќа реакција на КИБФС во врска со модуларната болница од Клиниката.

КИБФС реагира на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници.

На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување.

Поради намалување на бројот на хоспитализации во изминатиов период затворени се и други ковид центри во склоп на Клинички, како и низ државата, бидејќи рационално мора да се користат ресурсите како и здравствените работници.

КИБФС апелира медиумите да се воздржат од сензационалистички наслови и текстови кои непотребно креваат паника и предизвикуваат страв кај граѓаните.

Со почит,

КИБФС Скопје

sunwin sunwin tải sunwin apk

sunwin web tải sunwin apk sunwin apk

sun win

game bài sunwin

game sunwin game sunwin game bài sunwin