ДЕМАНТ – НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СПЦ ПРАВИ УПАД ВО МАКЕДОНИЈА!

Д Е М А Н Т ! ! !

Неточна и недобронамерна вест која излезе на порталот кој го води новинарот, како и на телевизијата со национална покриеност, дека сум ‘јанкесеџија’ и дека на силеџиски начин упаѓам во цркви и манастири, без покана!
Вистината е сосема поинаква!

На поканата од членовите на црковниот одбор на манастирот св. Никита, на поканата од повеќе представници на неколку српски здруженија од државава, како и од локалното население, бев и ова 2022 година како и минатите години поканет да го осветам славскиот колач за празникот Св. Сава, прв Архиепископ српски, во м. Свети Никита, с. Бањани.

Кога уредно и добросрдечно добивам покани за вакви важни православни верски празници за христијанското население, од страна на црковните одбори, каде и да ме поканат, секогаш ќе се одзивам, оти таму сум добредојден, никогаш не злоупотребувајќи ги поканите да, не дај Боже!, ширам шовинизам или верска или национална нетрпеливост.

Каде што не сум поканет и добредојден сигурно не би ишол!
Лично немам ништо против никого.

Уставот на нашава држава предвидува почитување на верските слободи на сите граѓани подеднакво, а себе си се сметам за лојален граѓанин на оваа држава.
Родител сум на три деца кои се родени во Скопје, децата ги воспитувам согласно на македонскиот државен образовен систем, и уредно ги плаќам даноците на државата.

Со ваков непрофесионален пристап новинарот на целосно неиздржан начин се обидува да шири верска и национална омраза!

Марко Манојловић

sunwin web sunwin web tải sunwin

sunwin club tải sunwin apk game bài sunwin

sun win

tải sunwin

sunwin tải sunwin sunwin