ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА ВЛАСИТЕ: И ПОНАТАМУ ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ ЗАТОА ШТО ТОА ЗНАЧИ НАПРЕДОК ЗА ЗЕМЈАТА НА СЕКОЈ ПЛАН

По последните шпекулации околу стабилноста на Владината коалиција кои се само обиди за замајување на јавноста, Ве известуваме дека нашата коалиција е стабилна, Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина.

Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел.

Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Северна Македонија продолжува напред по демократскиот и европскиот пат.

Со почит, Скопје, 20.10.2021 година
Претседател на ДСВМ
Николче Бабовски

tải sunwin

tải sunwin apk

sun win

sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

sunwin