ДЕНИЗ АБДУЛА: ДЕНЕС ЧАИР ИЗГЛЕДА СОСЕМА ПОИНАКУ, СО НОВИ БУЛЕВАРИ, УЛИЦИ И ВЕЛОПАТЕКИ

Mладиот и талентиран актер Дениз Абдула ја изрази својата поддршка за градоначалникот Петре Шилегов, кој рече дека како горд скопјанец и чаирчанец е сведок на најголемите промени во Чаир изминатите четири години.

„Сите добро знаеме како изгледаше левата страна на Вардар пред градоначалникот Петре Шилегов. Многу добро се сеќаваме на конфликтите помеѓу средношколците во автобусите, пред средните училишта, сообраќајниот хаос на Цветан Димов. Запустените јавни простори, паркови, игралишта за најмладите. Денес Чаир изгледа сосема поинаку, со нови булевари, нови улици, кружни текови, одржани тревници во парковите, вело патеки кои овозможуваат пристап од една точка на градот до друга“, рече тој, додавајќи дека кога на една заедница за првпат ќе ѝ се даде нешто вредно и убаво, таа знае како да се грижи за тоа и да го негува.

Како уметник и културен работник, Абдула нагласи дека во однос на културната сцена, работите се особено сменети во однос на порано, кога, како што рече „културата се замислуваше со споменици, фонтани, гипс картони и мермер кој се распаѓа брзо“.

„Денес ја славиме живата култура на живите уметници кои творат во овој град. Скопје беше меѓу првите градови кој ја адаптираше својата културна програма за време на карантинот, кадешто над 200 учесници кои беа невработени земаа учество во проектите „Култура во време на корона“, „Денови на чаршија“ и други настани кои беа под градот Скопје“.
Тој рече дека иако 2028 година се чини далечна, по правецот во кој се движи Скопје да стане европска престолнина на културата и не е толку далеку, што треба скопјани треба да го ценат, бидејќи со градот раководи човек со визија, свое мислење, но и човек кој знае да го прифати мислењето на другите.

„Градоначалникот Шилегов е човек со волја и енергија да не запре, човек кој го разбира градот и неговата сложеност. Да не се враќаме назад. Ако го сакаме нашиот град, тогаш изборот е еден, а тоа е Петре Шилегов“, заврши тој.

sunwin

sunwin

sun win

sunwin tài xỉu sunwin apk sunwin tài xỉu

game sunwin