ЏАБЕ СЕ ИЗГЛУПИРАА – Нема прегласување во Желино, ја снема причината поради која БЕСА се здружи со Левица и ВМРО ДПМНЕ

Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино што значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса.

Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува.