ЏАБИР ДЕРАЛА од Цивил Медиа јавно го покани ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ на интервју

Почитуван г. Мицкоски,

Во изминатите години се обратив повеќе пати до Вас и до Вашиот претходник, со љубезна молба да одговорите на повеќе актуелни прашања поврзани со Вашата партија и со нејзините политики, изјави и постапки. Обраќањата до Вас беа за нијанса почести отколку во претходниот период. Но Вашите портпароли не одговараат, Вие не одговарате. Со исклучок на Вашиот Министер г. Наќе Чулев и своевремено, Вашата министерка г-ѓа Гордана Јанкулоска, не сте ми одговориле на ниедно прашање како политичка партија повеќе од една и пол деценија, ако не ги сметаме и оние што сега се во Ваша политичка немилост.

Да не се разбереме погрешно, комуникацијата со Вашата партија под раководство на г. Љубчо Георгиевски беше мошне коректна и редовна, и кога бевте во опозиција во 90-те, и кога бевте на власт 1998-2002.

Затоа, уште еднаш, јавно Ве поканувам на интервју во било кој формат, во кое ќе дадете одговор на повеќе прашања од јавен интерес, а чиј број се наталожи. Јавноста заслужува одговори. Во случај овие прашања да не допрат до Вас (како и претходно), јас, паралелно со мејлот испратен на електронската адреса contact@vmro-dpmne.org.mk, ќе ги објавам, па кога ќе имате време, одговорете ги. Доколку се појави потреба од нови прашања, ќе Ви ги доставам дополнително. Да започнеме:

Кликнете на линкот да ги прочитате прашањата.

Доколку имате уште некое прашање, слободно додајте го во коментари или испратете го во порака…

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin club game sunwin tải sunwin

sunwin

sunwin.apk mới nhất

sunwin tài xỉu sunwin club game bài sunwin