Џони Деп доби медал за заслуга од Вучиќ: Би сакал мојот нов живот да започне токму тука

Холивудскиот актер Џони Деп денеска беше одликуван со златен медал за заслуги за Република Србија, за исклучителен придонес на земјата во нејзините напори за ширење и унапредување на локалната уметничка заедница.

Медалот му го врачи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на церемонијата по повод Денот на државноста на оваа земја.

Со голем аплауз, американскиот актер го примил медалот и им се обратил на присутните:

„Ова е навистина еден извонреден момент за мене. Многу сум горд“, изјавил Деп.

-Бев благословен многу одамна кога запознав многу необичен човек за кој веднаш знаев дека не припаѓа на Холивуд. Неговото име е Емир Кустурица. Тој ми стана брат, неговото семејство стана мое, истакнал актерот и додал дека сака да сними филм токму во Србија.

Холивудскиот актер минатата есен престојуваше во Белград, каде го промовираше анимираниот серијал „Puffins Impossible“, произведен во Србија, а креиран во студиото за производство на анимирани содржини „Iervolino Studios (IES)“.

-Работев со спектакуларна екипа. Верувам дека тука постојат уште многу таленти кои ќе ги пронајдеме и се надевам дека ќе бидам дел од тоа. Моето искуство тука во Србија и сè што добив е прекрасно. Сега сум на раб на нов живот и ми се допаѓа овој почеток, би сакал тој да отпочне токму тука во Србија, заклучил Деп.

tải sunwin apk

sun win

sun win

sunwin

tải sunwin