ЗАДУШЕНО СТОЈКОВОТО ВОСТАНИЕ – Разрешен Стојко Пауновски

Владата денеска на седница донела одлука да го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Претходно денеска премиерот Зоран Заев имаше средба со инспекторите од ДПИ. Тој рече дека ги чул ставовите на инспекторите, и дека ќе ги презентира на Влада, која ќе донесе конечен став околу негово разрешување.

„Ги слушнав аргументите на инспекторите, нивните аргументи ќе ги презентираме на владата, и владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Да не излезе дека преку медиумите носиме одлука. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе ги кажам сите аргументации на одговорно владеење. Секако дека согласно етичкиот кодекс имаме плеада на можности како да постапиме, но согласно и законските регулативи. Зборувам и за предлог за разрешување, и предлог на останување. Важно е да се почитува законот, одлуките, ефикасност во работењето и етички пристап во нашето делување. Ќе го кажам тоа на влада“, рече Заев кој одговори на новинарско прашање што биле аргументите на инспекторите утрово:

„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на ДПИ и други аргументи“, рече Заев.

Дали коалицискиот партнер ДУИ има исто така барање за разрешување на Пауновски, Заев одговори:

„Коалициониот партнер нема никакви барања за разрешување или неразрешување на директорот на ДПИ. Да се препукувате со премиерот преку медиумите, а да не дојдете да побарате директно помош, не е дозволиво. Тој е политички поставен на ДПИ, беше претседател на општински сојуз на СДСМ пред неколку дена. Го барав, не крена телефон. Имаме воспоставен однос, и не ни треба такво препукување. Но, каква и да биде одлуката, соработката со Пауновски ќе продолжи“, рече Заев.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

Link with us
Game bài đổi thưởng