Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја поздрави
одлуката на Министерството за образование и наука и на Владата конечно
да преземат конкретни чекори за да се реши деценискиот проблем со кој се
соочуваат учениците и вработените во средното гимназиско училиште „Сами
Фрашери“ и паралелките на Албански јазик од техничкото училиште „Наце
Буѓони“ во Куманово, а тоа е непостоењето на соодветен објект за
квалитетна реализација на воспитно образовниот процес.
„Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско
урбанистички проект на постоечкиот ДУП, а по одобрување на истиот ќе
започне со изработка на основен проект за изградба на нов училишен
објект. МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за
изградба и надзор над градежните активности. Со тоа ќе се реши
деценискиот проблем поради кој дел од младите во Куманово немаа
квалитетна настава во услови какви што и заслужуваат“, потенцира
Димитриевски.
Во неколку наврати досега откако е градоначалник на општина Куманово,
Димитриевски и Општина Куманово испраќаа барања до Министерството за
образование и наука за решавање на проблемот со гимназијата „Сами
Фрашери“.
„Со конкретни заклучоци ги информиравме надлежните во 2018 година каква
е состојбата со оваа гимназија и побаравме финансиски средства да
алоцираат во буџетот, истите се симнаа на сметка од буџетот, за потоа во
2019 година финансиските средства да ги нема. Повторно, од општината
испративме уште неколку барања, но одговор не добивме. Драго ми е што
конечно ќе започнеме со конкретни чекори за решавање на овој децениски
проблем. По конструктивните разговори со ресорниот министер Шаќири пред
еден месец се договоривме секој за својот дел од обврските за да
отпочнеме со решавање на овој децениски проблем во образованието за
нашиот град. Воедно очекувам и итна реализација на средствата за
реконструкција на кровниот покривач на ООУ “Браќа Миладиновци” Куманово
за да може да се овозможат елементарни услови за одвивање на физичка
настава на вториот кат од оваа училиште кое е едно од ретките во
државата во кое во иста училишна зграда функционираат две основни
училишта во различни смени“, рече Димитриевски.