ДИМИТРИЕВСКИ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, победи на овие локални избори како независен кандидат пред неговиот противник Оливер Илиевски од редовите на СДСМ.

Дури и кандидатот на СДСМ го призна поразот, каде што се очекува негова изјава.

Поради недоразбирања со својата матична партија, актуелниот градоначалник реши да се кандидира како независен, каде што во вториот круг доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.