ДИМИТРОВ СО ПООСТАР ТОН: Mора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитро вели дека ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не заслужува да се вика европска.

Рече дека ниту една држава во светот, ниту соседна, ниту подалечна, па ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување.

„Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, рече Димитров.

Тој вели дека во 21 век правото на самоопределување не неоспорно.

„Процесот што го почнавме со Бугарија во однос на разговор за наративите од заедничкото минато што не поврзува, мора да има и прифаќање на реалноста. Историјата не може да ја смениме, сегашноста можеме, можеме да обезбедиме подобра иднина. Сака мудрост од двете страни“, рече Димитров.

sunwin

sunwin apk game bài sunwin sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

tải sunwin

sunwin web