ДИМКОВСКИ: Се продолжува рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Поради големиот интерес кај земјоделците и на нивно барање, се продолжува рокот за аплицирање за Јавниот Повик наменет за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води. Рокот е продолжен за 15 дена и ќе трае заклучно со 11.02.2022 година.

Сите заинтересирани земјоделци ќе добијат нова можност навремено да ги подготват документите дефинирани во повикот.
Максималната сума која може да ја земе поединечно земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари, додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник.

Со овие средства, може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот а во висина 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции.

Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk

tải sunwin apk

sunwin

sunwin

sunwin web game sunwin sunwin web

sunwin.apk mới nhất