Директорот Весковски бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ, во спротивно се закани со тужба

Откако денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес конференција обвини дека градоначалникот Петре Шилегов и директорот на Водовод, Душко Весковски, наводно наместиле тендер од 300.000 евра, со реакција се јави Весковски.

„Смешни и трагикомични се денешните клевети изнесени од страна на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димитар Арсовски, дадени пред почеток на престојната изборна кампања за локалните избори.

Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи. Врз основа на усвоена инвестициона програма и годишен план за работа, спроведена е постапка за јавна набавка, по што е склучена рамковна спогодба за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа.

По добиеното одобрение за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен понудувач. Во спроведенета постапка останатите четири учесници немаат вложено жалба за изборот на најповолниот понудувач.

По склучениот посебен договор, фирмата е воведена во работа и започнала со извршување на градежните активности, што може да се утврди од градежните дневници и книги, кои се потврдени и одобрени од страна на овластен градежен надзорен орган. Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно слкучен посебен договор.

За манипулацијата со јавноста да биде уште пофантастична, на посочената фирма, ЈП Водовод и канализација Скопје ги нема во целост исплатено времените градежни ситуации за реконструкцијата.

Во недостаток на идеи и проекти од страна на ВМРО ДПМНЕ, кои улицата Варшавска ја оставија со еден куп новоизградени бетонски чудоивишта, опозициската партија се обидува со лаги, клевети и манипулации да фрлат дамка врз решението на ЈП Водовод и канализација Скопје, со кое граѓаните на овој дел од Општина Карпош добија трајно решение за водоводната и канализационата мрежа.

ЈП Водовод и канализација Скопје како најтранспарентно јавно претпријатие во државата според сите индекси на демократија, целокупната документација, градежните дневници и градежните книги ги става на увид на сите надлежни органи.

За искажаните клевети и невистини, од страна на Димитар Димса Арсовски, потпарол на ВМРО -ДПМНЕ упатуваме јавно барање за извинување и повлекување на изнесените лаги и невистини, а во спротивно ќе поведеме соодветна судска постапка за утврдување на граѓанска одговорност за изречените лаги и клевети, се вели во реакцијата на Весковски.

tải sunwin

game sunwin sunwin club sunwin

tải sunwin

sunwin club

sunwin