ДИВОГРАДБИТЕ ВДОЛЖ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРАА ОТИ БЕШЕ ПРЕКИНАТА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Секретарот на Општина Охрид Александар Китески вели претходно Советот одлучил оти нема да се решава за дивоградби кои се 50 метри до крајбрежен појас. (Фото: СДК.МК)

Предлог-одлуките за легализација на бесправно изградените објекти на потегот долж Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“ денеска не беа на дневен ред во Советот на Општина Охрид, оти седницата беше прекината поради технички проблем.

За наводите на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ , кои претходно соопштија дека Советот ќе легализира објекти спротивно на Одлуката која самиот ја донел пред еден месец, секретарот на Општина Охрид Александар Китески вели дека предметите за легализација на бесправо изградените објекти кои се доставуваат до советниците се согласно Законот и согласно Планот за управување со културното и природно наследство на Охридскиот Регион.

„Сите предмети кои се изработени од страна на општинската администрација и доставени до Советот за да одлучува по истите се водат согласно Законот за изградба на бесправно изградените објекти, и се во согласност и со претходно донесената Одлука од страна на Советот каде се вели дека нема да се поминуваат на Совет предмети кои се 50 метри до крајбрежен појас. Такви предмети ниту се доставиле претходно, ниту на оваа седница беа доставени. За сите предмети кои се во Националниот парк имаме позитивно мислење и од Националниот парк ‘Галичица’ и од Министерство за животна средина“, вели Китески.

Од „Охрид СОС“ велат дека во крајбрежниот појас од 50 метри, со Планот за управување не се дозволува ниту изградба, ниту легализација. Истиот појас е заштитен и со Закон за водите, велат од таму и додаваат дека одлуката на Советот е бесмислена и не значи ништо за заштита на вредностите на регионот.

„Членовите на Советот мора да се запознаени со статусот на крајбрежјето, а тоа е дека за крајбрежјето во подготовка е Урбанистички план за крајбрежје со кој ќе се утврдат границите на крајбрежниот појас и согласно тоа, условите за планирање. Дотогаш, било какви постапки во насока на поголема урбанизација во најосетливите предели околу Езерото, може да се сметаат само за спротивни на Планот за управување“, велат од „Охрид СОС“.

Според нив, легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО.

„Легализација во непосредна близина на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица е постапување директно спротивно на начелата за заштита на Исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион чиј УНЕСКО статус виси токму како резултат на вакви практики“, додаваат од „Охрид СОС“.

Повлекување на точката за легализација на дивоградби, од кои некои во непосредна близина на Охридско Езеро и во Националниот парк „Галичица“ пред Седницата побараа и од Левица.

„Немавме графичка презентација, ни беше само нешто објаснето, што според мене не беше во ред, барав графичка презентација за да можам да одлучам. Доколку не бидат повлечени ќе гласам против овие точки“, рече советничката, од Левица, Виолета Аврамоска.

Китески, пак, вели дека од страна на Секторот за урбанизам биле доставени графички презентации како материјали, а предложи и да се направи презентација и на самата седница.

За легализација на бесправно изградените објекти ќе се расправа на продолжениото од Седницата која ќе се закаже дополнително.

sunwin tài xỉu

sun win

tải sunwin apk tải sunwin sunwin tài xỉu

game sunwin sunwin club tải sunwin apk

sunwin