ДО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ, ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈАВЕН ПОВИК И УРГЕНЦИЈА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ во врска со Кривична Пријава КОН бр.2475/2018

ДО
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ, ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЈАВЕН ПОВИК И УРГЕНЦИЈА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ во
врска со Кривична Пријава КОН бр.2475/2018

Почитувани,
Со оглед на тоа да по поднесената Кивична пријава и оформен предмет КОН бр.2475/2018 од ОЈО Скопје се уште не е донесена Јавнообвинителска одлука во спроведена кривична постапка, се уште не сум повикан од Јавен Обвинител во својство на сведок и оштетен, не се добиени писмени известувања со податоци за кривичната постапка во врска со последно доставените ургенции за постапување во својство на оштетен и поднесеното барање на податоци од страна на полномошник адвокат, понатаму не е добиено писмено известување со податоци од постапката по поднесена претставка до Советот на Јавните обвинители на Република Северна Македонија за работата по предметната кривична пријава, а пред се поради непочитување на законски пропишаните рокови за постапување и неспроведување на одредбите од Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, Законот за Јавното Обвинителство и Законот за Советот на јавните Обвинители на Република Северна Македонија, ЈАВНО ВЕ ПОВИКУВАМ како надлежни Државни институции на Република Северна Македонија за професионално постапување и спроведување на законите и правдата во овој оформен предмет КОН бр.2475/2018 .

Со почит
Оштетен граѓанин на
Република Северна Македонија

Link with us
Game bài đổi thưởng