ДО РУСКАТА АМБАСАДА: ПУТИН НЕ Е РУСИЈА, НЕ СМЕ РУСОФОБИ, ТУКУ СМЕ ПУТИНОФОБИ, ПРАВЕТЕ РАЗЛИКА!

Пишува Саше Ивановски Политико

Руската амбасада ти смета сите критичари на инвазијата во Украина за русофоби.

Дали се русофоби сите тие 7000 руски научници кои се против инвазијата?!?!

Дали се русофоби русите кои секој ден протестираат во Русија?

Дали е русофоб шахистот Гари Каспаров?!

Смешни се тезите на руската амбасада дека секој што е против Путин е против Русија, тоа е комична теза.

Дури има луѓе што го сакаат Путин но се против војната, размислува ли амбасадата за ова?

Ги замолувам дипломатите во руската амбасада да прават разлика меѓу Русија и Путин и тоа дека го критикуваме Путин и воените злодела во Украина не ја мразиме Русија.

Русија е исто така жртва, угледот на Русија и рускиот народ е длабоко и трајно оштетен од потезите на Путин. Би рекол дека Путин е во моментов најголема штеточина за Русија, со своето лудило и суровост и агресија тој се однесува како најголем русофоб, тој праќа војници да умрат, тој ја уништува руската економија, тој го руши угледот на русите во светот.

п.с Многу сакав да ја посетам некогаш Москва, сум читал дека е преубава. Ќе мора да почекам промена на режимот, затоа што очигледно на нас критичарите на Путин и неговиот режим, не чека ГУЛАГ ако стапнеме на руска или белоруска територија.

Link with us
  • game tri tue sieu pham go88 go88 android
  • go88 thien duong co bac go 88 đổi thưởng go88
  • sun win sunwin tài xỉu đổi thưởng
Game bài đổi thưởng