ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА

Вечерва, во Филхармонијата на РСМ, по повод одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, свечено им ги додели наградите на годинешните добитници, нашите сограѓани коишто со својот труд и творештвото дале свој придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок.

Добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се:

Од областа на публицистиката:
1. ТОНИ ДИМКОВ, новинар, уредник на „Културен печат“
– за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје.

Од областа на образованието и воспитанието:
1. СЕРВЕТЕ ФИДА, учителка по албански јазик
– за долгогодишна успешна работа во воспитно-образовната дејност.

Од областа на културата:
1. ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ, поранешен директор и основач на НУ „Театар за деца и младинци“ – Скопје
– за формирање на Театарот за деца и младинци – Скопје и значајни успеси во неговото работење.
2. НИКОЛА АНГЕЛОВСКИ, артист, режисер, преведувач, сценарист, комедиограф
– за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.

Од областа на науката:
1. ПЕТАР НАМИЧЕВ, архитект, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
-за Монографиите „Традиционалната куќа во скопскиот регион од 19 век“ (2020) и „Традиционалната архитектура во Скопска Црна Гора од 19-ти до ран 20-ти век“ (2018).

Од областа на уметноста:
1. ДИМЕ ПОПОВСКИ, естраден уметник
– за особен придонес во музичката уметност.
Од областа на хуманитарната активност:
1. АНДРИЈАНА СЕРАФИМОВСКА, ТЕО ТАСЕВ, ТЕОДОРА ТРАЈКОВСКА, ФИЛИП ДИМИШКОВКИ и БОЈАН РИСТОВСКИ, деца волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести – Скопје
– за несебично вложување во интерес на здравјето на децата кои се борат со малигни болести.

Од областа на здравствената заштита:
1. Тим на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во РСМ
Проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Александар Николиќ, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска, д-р Димче Славевски, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, д-р Кочо Димитровски, д-р Менка Лазаревска и Адријана Георгиев.
– за успешно извршена трансплантација на срце.
2. д-р ЖАРКО КАРАЏОВСКИ, епидемиолог
– за заслуги во здравството.

Од областа на спортот:
1. ИЛИНА АРСОВА, планинар, алпинист
– за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти.
Правни лица:
1. ДРУШТВО НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
– за 75 години творечка и континуирана работна целина.

Ученици и студенти:
1. МАТЕЈ МИЛОСИЕВСКИ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“
– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннставните активности.
2. АНГЕЛА ПЕТРОВСКА, ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“
– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
3. ВЕДРАНА ПЕТРОВА, ученичка во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“
– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.