ДОЈРАН Е ЧИСТ – скопјани навалија во езерото, се плива и во базенот

Топлото време ги измами скопјани, но и граѓани од цела држва, да ја посетат нашата позната туристичка дестинација Дојран.

Тоа важи за оние кои не заминаа за Грција, или, пак, во Србија по вакцинација.

Солиден број граѓани се викендов во Дојран.

Дел од нив за Фактор испратија фотографии од кои се гледа како многумина уживаат во капење во езерската вода.

Нашите соговорници велат дека Дојранското езеро сега е чисто и пријатно за капење, бидејќи се уште алгите не почнале со цветање.

Сепак, поголем број граѓани се разладуваа и во отворениот базен.

Граѓаните уште и откриваат дека оваа дестинација станува се поатрактивна за туристите, а тоа измами и многумина да развиваат бизнис, преку продажба на крофни, лимонади, сладоледи, а отворен е и пазарот во оваа дестинација.

Инаку, Дојран многу повеќе се полни за викенд, наспроти работните денови.

Link with us
Game bài đổi thưởng