ДОКТОР САШКО НИКОЛОВ: Заедно со сите вас, посакувам да го видам нашиот Штип рамо до рамо со сите модерни развиени општини

Општина каде што децата ќе имаат перспектива, добро образование, квалитетно здравство, каде што ќе има економски раст и развој, модерна инфраструктура, прогрес, насмеани и среќни лица.

Асфалтираме, градиме, ги решаваме проблемите на граѓаните рамномерно во секој дел од градот.

Во недела, Ве повикувам да излезете на фер, демократски и слободни избори, со носење заштитна маска и држење на дистанца, да го остварите вашето право на глас.

Да го заокружиме бројот 12 за најдоброто за Штип.

Одиме на победа во прв круг за да продолжиме да го менуваме Штип во една поинаква приказна.

Со срце за Штип!