НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ: ДОКТОР ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ ДОБИ СМРТНИ ЗАКАНИ ОД АНТИ ВАКСЕР КОЈ МУ УПАТИ ЗАКАНИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ ПРОМОВИРА ВАКЦИНИТЕ

По денешното интервју за Фокус, доктор Злате Мехмедовиќ објави на својот фб профиол дека добил смртни закани од анти ваксер:

Во изминатиот период од 2 години максимално професионално согласно медицина базирана на докази следам и советувам за пандемијата, а сум под континуиран притисок од “лаици” кои си земаат за право да ни кажуваат што да правам, да ми се закануваат, да ме прават платеник. Претеравте! Не ви се плашам! Од сега па натаму јавно ќе ги објавувам сите како овој Мише Којзеклиски, а институциите ги повикувам да постапат за да се знае што е ред и закон во оваа држава.