ДОНАЦИЈА НА ЕУ И ХОЛАНДИЈА: Покрај Охрид, апарати за магнетна резонанца за првпат се инсталираат и во Струмица и Прилеп, додека Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Кичево и Универзитетската Клиника за пулмологија во Скопје ќе добијат апарати за компјутерска томографија.

Денеска, охридскиот регион за првпат доби апарат за магнетна резонанца кој е инсталиран во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо” во Охрид.
Сега пристапот на пациентите до овој тип дијагностика и третман значително ќе се подобри, а тие повеќе нема да имаат потреба да патуваат во Скопје за лекарски прегледи. Освен за дијагноза, апаратите ќе можат да бидат дел и од превентивни програми, што значи рана детекција и на други болести кои не се поврзани со Ковид.

Покрај Охрид, апарати за магнетна резонанца за првпат се инсталираат и во Струмица и Прилеп, додека Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Кичево и Универзитетската Клиника за пулмологија во Скопје ќе добијат апарати за компјутерска томографија.

Голема благодарност до евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп за финансиската поддршка за овој проект. Ова е уште една потврда за одличната соработка на Министерството за здравство со Европската Унија, која уште од почетокот на ковид кризата е еден од нашите најсериозни партнери и поддршка во зајакнување на здравствениот систем и подобрувањето на неговите капацитети.