Претседателот на САД, Доналд Трамп попладнево е примен во воената болница „Walter Reed“, откако утринава му беше дијагностициран корона вирус.
Тој е во добра состојба и самостојно влезе во болницата. Им мафна на новинарски екипи, но не застана за изјава.
Претходно, даде изјава во која вели дека оди во болница поради претпазливост и дека се чувствува добро.
Во меѓувреме, неговиот противкандидат за изборите кои ќе се одржат за 1 месец, Џо Бајден му посака брзо оздравување и рече дека тој и сопругата Џил ќе се молат на господа претседателот да оздрави: