Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Марио Драги, премиер на Италија. Фото: Wikimedia Commons, 3 мај 2022
Италија е за одвојување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти денеска во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пренесе „Јуроњуз“.

Северна Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското вето за земјава што се случи денеска, првин во бугарскиот парламент, а потоа во Брисел, и двете земји треба да ги почнат преговорите. Но условите што ги наметнува Бугарија за Северна Македонија и се однесуваат само на неа, дефинитивно ќе го отежнат максимално процесот на преговорите.

Според пренесеното од „Јуроњуз“, Драги, очигледно, смета дека Албанија треба да биде поштедена од заедничката рамка во која се ставени РСМ и Албанија и дека Албанија треба да напредува во преговорите со сопственото темпо, без и понатаму да биде изедначувана со Северна Македонија.

Link with us
Game bài đổi thưởng