Друштвената игра „Катан“ конечно достапна и на македонски јазик

„Катан“ (Catan), една од најпознатите друштвени игри во светот со преку 25 милиони продадени копии, љубителите од земјава конечно ќе може да ја играат и на македонски јазик. Овој светски бестселер, кој досега е преведен на повеќе од 30 јазици, од годинава официјално ќе се продава и на македонски по иницијативата на „Гоблин друштвени игри“.

Од „Гоблин“ велат дека „Катан“ е класика меѓу друштвените игри. Првпат била издадена во 1995 година, а досега ја играле преку 100 милиони лица низ целиот свет и има добиено десетици награди и признанија. Се одржувале и многубројни турнири, како и официјално Светско првенство на секои две години.

Од првата и единствена специјализирана продавница за друштвени игри во земјава – „Гоблин“ велат дека „Катан“ е последна од низата светски бестселери кои официјално ги превеле и дистрибуирале на македонски јазик. Меѓу останатите игри, на македонски се достапни и „Ticket to Ride“, „Dixit“, „Azul“, „Kingdomino“, „Celestia“, „The Mind“ и други.

sun win

sunwin

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin web