ДРЖАВАТА ВО ПЛАМЕН – Гори во скопско, кумановско, струмичко, гевгелиско и во битолско

Според пресекот на состојбите на теренот до 18 часот, што го објави Центарот за управување со кризи, на територијата на Македонија во моментов се активни повеќе пожари. На терен се противпожарни екипи, шумаски служби, војска, полиција и граѓани во обид да ја скротат огнената стихија.

– Пожарот кај с. Градманци е активен. Таму има четири екипи од БППЗ, една екипа од Шумското стопанство Караџица и екипа од општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртот кон с. Долно Коњари. Известени се надлежните од општини Петровец и Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, соопштија од ЦУК.

Во струмички регион, шумскиот пожар кој се појавил околу 12.30 часот на 1, август кај месноста викана Погана и кој зафати површина од 200 хектари, ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен) сѐ уште е активен.

– Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец на Фурка. Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 хектари нискостеблеста шума (прнар, габер, даб и др.,) На теренот се ангажирани: Екипа на ТППЕ-Валандово-со 2 ПП возила и 6 пожарникари, Шумско стопанство со 20 вработени, ПО ДЗС-Валандово – со 3-припадника, на помош ТППЕ-Гевгелија со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари и ТППЕ Неготино со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Пожарот над депонијата во Ново село кон с. Самуилово е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со 3 ПП Возила и 9 пожарникари.

Пожар на отворен простор до хотел Фламинго и гранична линија со Р. Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорено над 20 хектари. Силниот ветер претставува опасност за хотелот Фламинго и Бензинска пумпа „Шимов“ а во правец кон гранична линија со Р Грција има опасност за караулата на АРМ и граничен премин Богородица. Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија 2 ПП возила, 12 пожарникари, 1 ПП возило со 2 пожарникари од Д. Капија, ШС Кожув 5 вработени, група граѓани од нм Богородица и Гевгелија, МВР, приватни компании, 2 багери на приватни компании и 1 цистерна за вода.

Кумановски регион

Активен пожар во с. Бељаковце, маало Ѓуринска маала, кон с. Јачинце и с. Довезенце каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

Активен пожар има и во с. Пезово маало Ресанци и екипа наТППЕ Куманово е на терен.

Во општина Старо Нагоричане има активен пожар во село Дренок кој се спушта кон Отошница, општина Ранковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Постои опасност од опожарување на куќа. Во гаснење се вклучени мештаните и припадници на ППЗ единица.

Пожарот на територијата од атарите на селата Арбанашко, Рамно и Кокино е локализиран, односно е ставен под конртола. Со оглед на тоа што на терен моментално се ангажирани 27 припадници на ДЗС како и доволен број пожарникари, и дека половината од припадниците на АРМ можат да се повлечат, односно да се ослободат од ангажман во овој реон.

Во моментот ТППЕ Ранковце е на интервенција на гаснење пожар во с Радибуш и с. Отошница.

Пожарот од с. Дренак кој е на територија на Општина Старо Нагоричане се префрлил на територија на Општина Кратово во с. Страцин маала Ќошарци. Известена е ТППЕ – Куманово.

Охридски регион

Пожарот во околината на с.Девич-М. Брод е локализиран и ставен под контрола, на терен се наоѓаат 2 пожарникари и 5 жители од месното население.

Битолски регион

Пожарот во атарот на с. Канатларци и с. Подмол е сè уште активен и екипа од ТППЕ Прилеп од 1 ПП возило и 1 теренско возило, како и 7 пожарникари сè уште се на местото на пожарот.

На пожарот на во атарот на с. Топлица интервенираат 1 теренско возило и 4 пожарникари. Пожарот на запалена шума во атарот на с. Топлица, сè уште е активен.

Поради силниот ветер пожарот зема силен замав и се проширува, се работи за голем пожар каде гори деградирана шума и бор, како и сува трева во нивите. Од Црн Бор на самото место има 5 работници. Известен ДЗС Прилеп, и инспектор по пожари.

Штипски регион

Пожарот што избувна на м.в. Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден е активен. Интервенираат екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со 1 твозило и 4 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 3 вработени и неколку луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста шума и дува ветер кои го прават нестабилен и доаѓа до негово ширење, а се работи и за тешко пристапен терен. Гори дабова и борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Вчерашниот пожар во атарот на с. Нов Истевник маало Пасјак кој е сè уште активен и е зафатена површина од околу 55 ха. Борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадници на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 12 пожарникари и 2 цистерна и едно теренско возило лада нива, 1 припадник на Гранична полиција со 1 теренско возило Ландровер, ТППЕ од М. Каменица со едно специјализирано ПП возило и 3 пожарникари и ЈПКД Брегалница со 8 вработени. Пожарот е сè уште активен и се шири во правец на маалото Пасјак. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.

На потегот Костин дол-Ново Село сè уште е активен пожарот. Во 6.55 часот хелихоптер на АРМ се упати на местото на пожарот. Од АРМ со возила и МТС има на терен 80 војници.

Од шумско стопанство осогово Кочани има на терен Лада нива со 5 луѓе, УАЗ џип со 6 луѓе и противпожарен џип со 5 луѓе од шумско стопанство Радовиш.

Link with us
Game bài đổi thưởng