Државната секретарка м-р Несторовска учествуваше на состанок на Советот за соработка на земјите членки на СЕЛЕК

Денеска (12.05.2022) во седиштето на СЕЛЕК во Букурешт, Романија се одржа 22. Состанок на Советот за соработка на земјите членки на СЕЛЕК.
Во улога на постојан член на Советот за соработка на СЕЛЕК, на состанокот учествуваше и државната секретарка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, м-р Магдалена Несторовска.

Согласно предвидениот дневен ред, на состанокот беше разговарано за прашања поврзани со работењето на СЕЛЕК во изминатата година.
Во текот на расправата од страна на членовите на Советот едногласно беше усвоен Извештајот за работата на СЕЛЕК за периодот 2020 – 2021.
Исто така, во текот на расправата беа покренати прашања поврзани со финансиското роаботење на СЕЛЕК, при што беа претставени Финансискиот извештај за 2021 година, Буџетот на СЕЛЕК за 2023 година како и Петгодишниот план 2022 – 2025 за финансиско работење на СЕЛЕК.
По кратка дискусија сетот на финансиски прашања едногласно беа усвоени од страна на членовите на Советот на СЕЛЕК.

Согласно предвидената агенда најголем интерес предизвика прашањето за избор на три нови директори во менаџментот на СЕЛЕК.
Значајно е да се напомене дека првпат во 20-годишната историја на СЕЛЕК, се одвива избор на сите менаџмент позиции истовремено.
Со свои кандидатури за позицијата генерален директор на СЕЛЕК настапија три земји членки, и тоа Република Србија, Република Албанија и Република Турција.

За позицијата директор за правни и финасиски работи беа доставени кандидатури од Република Србија и Република Северна Македонија, а за местото директор за операции беше доставена кандидатура од Романија.
По претставувањето на кандидатите, членовите на Советот за соработка на СЕЛЕК пристапија кон тајно гласање, а според добиените резултати, за позицијата генерален директор на СЕЛЕК беше избран кандидатот на Република Турција, Огус Серкант Акин, за позицијата директор за правни и финансиски работи беше избрана кандидатката на нашата земја Тања Левајковиќ, додека за позицијата директор за операции беше избран романскиот кандидат Ромулус Никулае Унгуреану.

Повторниот избор на нашата кандидатка Тања Левајковиќ на позицијата директор за правни и финансиски работи, за Министерството за внатрешни работи претставува признание за значајната улога во успешното работење на СЕЛЕК во изминатиот период, потврдувајќи ги притоа заложбите за продолжување, унапредување и зајакнување на успешната регионална соработка на земјите од Југоисточна Европа во борбата против организираниот криминал.

На крајот на состанокот, Државната секретарка м-р Магдалена Несторовска се заблагодари на земјите членки на СЕЛЕК за повторно укажната доверба и поддршка за кандидатката од нашата држава, изразувајќи притоа целосна подготвеност на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како и досега, да биде сигурен и доверлив партнер во понатамошните активности на СЕЛЕК.

game bài sunwin

sun win

sunwin

sunwin

sunwin