Идејата за референдум против договорот со Бугарија е политички неодговорен потег, злобен, анти македонски, анти државен, неодговорен, идиотски потег. Но сепак, ако се согласиме со сето тоа, ајде сега да го анализираме целиот контекст и како ова ќе се одрази врз процесот и политичката сцена во земјава. Еве на колку начини Мицковски му помага на Ковачевски со референдумот:
1. Референдумот нема да успее, со тоа менувањето на уставот ќе биде овозможено, ВМРО ДПМНЕ или дел од пратениците ќе можат да се правдаат дека народот сепак не бил против. Со тоа Мицковски го помага процесот, иако секако, тоа не му е намерата, тој само сака да го закочи процесот и да направи хаос и паника за ловење политички поени. Ама толку е политички анти талент што секој потег му е погрешен тактички и стратешки и само го држи силно на фотељата во ВМРО ДПМНЕ но далеку од Илинденска ББ.
2. Со референдумот Мицковски го крева Ковачевски на пиедестал, дома, пред соседите и пред меѓународната заедница. Пораката е – погледнете кој е алтернативата на сегашната власт?!?! Со ова Ковачевски добива на цена, на коалициски капацитет, реноме пред соседите и странците. Мицковски тоне и понатаму и е се поблиску до политички радикал со кој никој нема да се осуди да прави влада. ТМицковски уште има проблем да разбере дека Македонија не е Унгарија или Србија и тој не може да биде нов Виктор Орбан или Александар Вучиќ. Унгарија е хомогена земја со 100 % етнички унгарци гласачи, тој систем не може да се примени во мулти етничка Северна Македонија која е поделена по сите можни основи етнички верски политички идеолошки… Србија е слично, иако има големо Унгарско и Бошњачко малцинство во Војводина и Санџак, сепак далеку е Србија од мулти етничка Македонија. Исто така Вучиќ настапува од позиција на автократ на власт, а Мицковски е ванаби автократ во опозиција без доволно пари и ресурси да ја наметне својата анти западна реторика и визија.
3. Со референдумот Мицковски ги плаши Бугарите да не претеруваат со барањата следните месеци и години и со тоа му го олеснува патот на Ковачевски да ги почне побрзо преговорите со ЕУ. Бугарите ќе внимаваат во своите барања и ултиматуми кога знаат дека ако го срушат СДСМ ќе си имаат работа со антизападни лудаци во ВМРО ДПМНЕ. Референдумот ќе биде ладен туш и освестување за Бугарите да не претеруваат со притисокот врз владата на Ковачевски, ова е дар од бога.
4. Неуспешниот референдум ќе доведе до раздор во опозицијата. Ќе се бараат виновници, ќе се бараат предавници, ќе настане општ хаос, во битката кој е вистински патриот а кој не, Мицковски пак ќе биде губитник пак ќе има обвинувања на негова адреса дека одработува за Ковачевски. Ова ќе се случеше и со и без референдумот, но Мицковски е опседнат со Апасиев и со Јанко Бачев и Палчо наместо да им го остави десниот радикален простор и да се помести кон центар и да ги земе 300 000 неопределени но про западни гласачи тој се тепа за 100 000 фанатици за кои се тепаат и ГРОМ и Левица и Бачев и Интегра и Солза и Родина и Бојкотирам и Палчо со Десна… И во таа тепачка се оддалечува од Алијанса и БЕСА и од странците и од гласачите кои се за нормална прозападна власт ама се разочарани од СДСМ и ДУИ но не сакаат да има војна или земјата да биде пак слепо црево и да заглави како последна дупка во кавалот на балканот, сакаат земјата да продолжи кон ЕУ да се продолжат реформите да има демократија владеење на правото, значи не сакаат враќање на Груевизмот туку нешто подобро од СДСМ, ДУИ и Груевизмот…
Со ова движење кон десно, Мицковски ќе ја подели партијата во која сепак има прозападни струи на кои им е преку глава од оваа РУБЉА политика на Мицковски, има луѓе во партијата кои само чекаат шанса Мицковски да се сопне и да го политички масакрираат. Тој процес ќе биде помогнат од амбасадите на САД и ЕУ и од нивните тајни служби кои се мотаат низ Скопје и по елитните ресторани и хотели и ги помагаат процесите во земјата…
Има и бизнисмени кои сакаат ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт и ќе помогнат Мицковски да си замине со неговите анти западни политики кои го држат ВМРО ДПМНЕ подалеку од власт. Зошто овие бизнисмени сакаат ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт? Затоа што ВМРО ДПМНЕ многу полесно дава дозволи за рудници за згради за тендери за хидроцентрали и за се и сешто, не ебаваат екологија природа и синдикати па и закони, со ВМРО ДПМНЕ е полесно ДУИНГ БИЗНИС! Плус имаат политика на ниски даноци, тоа им заштедува на бизнисмените милиони евра…