ДУИ e скандализирана од пост на Таравари: Го цитира Хитлер, да се извини и веднаш да ја избрише објавата

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница, реагираше ДУИ.

Од партијата велат дека Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „затоа што народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“

Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари“, велат од партијата на Али Ахмети.

ДУИ бара од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, од невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари, за коj, велат од партијата, нема место во нашето општество.

Извор: Плусинфо

sunwin web

game sunwin

sun win

sunwin tài xỉu

sun win