Студенти претепале професор на Медицинскиот факултет во Тетово, јавува Алсат.
Телевизија известува дека настанот се случил пред неколку моменти, кога двајца студенти од Куманово од се уште непознати причини физички нападнале професор кој предавал на факултетот.
На местото брзо интервенирала полицијата која ги привела насилниците.
Се работи на расчистување на случајот.