Еден од најдобрите британски стенд ап комичари, Расел Кејн доаѓа во Скопје!

На 14 септември во МКЦ (сала Фросина), „Skopje Comedy Club“ во соработка со „A Comic Soul“ за прв пат ќе и го претстави на македонската публика Расел Кејн – еден од најенергичните британски стенд-ап комичари.

Расел Кејн е стенд-ап комичар, добитник на повеќе награди меѓу кои и Единбуршката награда за комедија, актер, автор, сценарист и водител. Овој сестран и мултиталентиран комичар со распродадени настапи низ целиот свет за „The Times“ е еден од најбрзите, најстимулирачките стенд-ап комичари, „The Guardian“ велат дека е на врвот на својата игра, „The Telegraph“ го викаат уникатен, а за „The Independent“ е возбудлив комичар.

На 14 септември оваа година ќе имате уникатна можност во МКЦ – Скопје да гледате комичар од светски ранг кој ќе приреди незаборавна вечер исполнета со комедија на принципот: „Вистината боли… Но, затоа е смешна“!

Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk.

Link with us
Game bài đổi thưởng