Еди Рама е цар: Јас сум католик, сопругата ми е муслиманка, двете деца ни се православни а малиот можеби ќе се декларира Евреин

Албанскиот премиерот Еди Рама, синоќа одржа говор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, каде, меѓу другото, зборуваше и за своето семејство, што ретко го прави.

За да им покаже на студентите дека Албанија коегзистира со многу верски заедници, Рама го пренесол примерот на своето семејство.

– Би сакал да го пренесам примерот на моето семејство. Јас сум католик, мојата сопруга муслиманка, нашите две повозрасни деца, од првите бракови, се православни. Ние имаме едно малечко детенце, што може да се реши да стане евреин, нему му останува да ја донесе одлуката. Го споменувам овој пример, бидејќи ова е наследството што го има Албанија, рече Рама.

Во тој контекст тој го спомнал примерот на албанските граѓани кои за време на Втората светска војна не дозволиле ниту еден нивен сограѓанин Евреин да биде однесен во злогласните логори, па до последниот пример на прифаќањето на Авганистанците, кои како што рекол може да останат колку што ќе посакаат „доколку сакаат и засекогаш“.

sunwin club

sunwin sunwin tài xỉu tải sunwin

sun win

sun win

sunwin web