НЕКА ЖНЕАТ НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Економски советници испратени во седиштата на СТО и ФАО и во Брисел, Чикаго и Софија

Министетството за економија ќе прати тројца свои професионалци како економски советници во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева, потоа во Брисел – кој ќе биде задолжен за земјите од Бенелукс, и еден во Генералниот конзулат во Чикаго, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе прати во седиштето на Светската организација на храна (ФАО) во Рим. Покрај нив, ќе има и економски советник во нашата Амбасада во Софија, кој ќе биде единствен во регионов.

Советникот во Чикаго ќе има надлежност за регионот на т.н. езерски сојузни држави (Илиноис, Мичиген, Висконсин, Индијана, Охајо и Минесота).

Ова е втор дел од пилот-проектот на Министерството за надворешни работи за економска дипломатија, откако неодамна беа назначени четворица економски советници во Минхен, Варшава, Анкара и Абу Даби.

Трошоците за економските советници ќе ги плаќаат министертствата од кои тие се испратени и се исти колку и за секој дипломат што МНР го праќа во странство. Tие ќе бидат дел од дипломатската мрежа на МНР и ќе имаат дипломатски статус. Земјава има над 250 дипломати во ДКП-та низ светот.

Ова го договорија со Спогодба, која шефот на дипломатијата Бујар Османи ја потпиша со министерот за економија Крешник Бектеши и со заменик-министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Link with us
Game bài đổi thưởng