ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ

Реакција на денешното промовирање на Дигиталниот речник на Македонскиот стандарден јазик.

Овој речник е описен речник на Македонскиот стандарден јазик кој ги содржи најупотребуваните зборови во современиот Македонски јазик. Но несватливо е како во еден современ стандарден службен јазик кој сите го почитуваме, изучуваме, употребуваме во мегусебната комуникација креаторите на речникот да вметнат и толкуваат зборови кои се навредливи за еден народ Во случајот Ромскиот кој е дел од оваа држава и Уставно признаен. Истите Биле должни да бидат свесни дека со овие зборови (циганче, поцигани, циганчисе и сл.се пежоративни изрази) вршат директен удар врз идентитетот на Ромскиот народ.

Затоа апелираме и од Името на ПДПР ке бараме од Министерството за Образование и Наука и од Институтот за Македонски Јазик ваквите и слични зборови да бидат одстранети од овој дигитален толкувач на Македонскиот јазик. Не сметаме дека се работи за ненамерна грешка, истите зборови се свесно впишани и толкувани и како такви треба да бидат и избришани. Недозволиво е еден современ, стандарден јазик во својот описен речник да содржи навредливи зборови. Се надеваме на исправка.

Link with us
Game bài đổi thưởng