Поголем дел од Скопје пред малку остана без струја. Населбите Аеродром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, Центар, Катланово, Козле, Тафталиџе и се само дел од местата кои останаа без електрична енергија.
Од компанијата ЕВН велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа или рестрикции бидејќи е голем дефект. Нема дотур на струја и до нивната мрежа. Засега немаат информации за што станува збор и рекоа ќе информираат во текот на денот.
Неофицијално, станува збор за експлозија на трафостаница на МЕПСО.