ЕМ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ЕМ СВАДБА ПРАВЕЛ ЕМ НЕ САКАЛ ДА ЛЕЖИ ВО БОЛНИЦА – ТРАГЕДИЈА: 24-годишно момче од Ресен почина како последица на Ковид – се заразил на сопствената свадба?

24-годишно момче од Ресен кое пред два дена било донесено во многу тешка состојба во битолскиот ковид центар почина како последица на вирусот, објави ММС. Директорката на Клиничкиот центар во Битола за порталот потврдила дека момчето починало утрово и оти завчера било хоспитализирано во многу тешка состојба.

-Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

ММС повикувајќи се на свои извори јавува и дека момчето неодамна направило свадба и оти неговите блиски претпоставуаат дека токму таму се заразил од некој од гостите присутни на свадбата.

ОБНОВЕНО: Момчето од Ресен на возраст од 24 години кое почина утрово и беше најмладиот починат во денешната ковид статистика, според информациите од Министерството за здравство, било примено на инфективното одделение во битолската болница во тешка состојба, но на сопствена одговорност заминало на домашно лекување, објави Сител.

– Пациентот на 24 август е примен во инфективното одделение на Клиничката болница Битола како суспектен на ковид-19. Пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, веднаш на пациентот му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен – објаснуваат од Министерството за здравство.

Следниот ден бил пак хоспитализиран во многу полоша состојба, а денеска наутро починал.

-Следниот ден, на 25 август, пациентот е донесен од ОБ Охрид за хоспитализација во КБ Битола. Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал – велат од МЗ.

И според нивните официјални податоци, пациентот не бил вакциниран и немал коморбидитети.

Link with us
Game bài đổi thưởng