Во новите судири со Азербејџан, Ерменија има жртви.
Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан.
Жртви има и на азербејџанската страна, но засега Баку официјално нема соопштено за број на загинати.
Ереван за последните судири го обвини Азербејџан, кој тврдат дека гранатирал повеќе ерменски градови и села долж границата. Азербејџан одговори дека гранатирањето било одговор на напад врз нивните позиции.
Москва информираше дека договорила брз прекин на огнот кој стапува на сила веднаш, но ерменскиот премиер Никол Пашинијан тврди дека на неколку места азербејџанската армија сѐ уште напаѓа.
Двете земји со децении го спорат регионот Нагорно – Карабах, а во 2020 година имаше и кратка војна.