Ескобар: Граѓаните на Северна Македонија се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци

САД ќе ги поддржуваaт Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања Ескобар укажа дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО.

Тој повторно ја истакна пораката од Стратешкиот дијалог, кој САД го имаа со Македонија во јуни во Вашингтон.

-Нашата позиција од искуството со Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи, изјави тој.

Укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување.

-САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес, рече Ескобар.

Тој на брифингот говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

-Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор, рече Ескобар, пренесе МИА.

sunwin web sunwin web game bài sunwin

sunwin club sunwin apk sunwin web

game sunwin tải sunwin apk game bài sunwin

sunwin club sunwin.apk mới nhất sunwin web

tải sunwin