ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:
– подобрување на стандардот на земјоделците,
– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,
-зголемување на вработеноста во руралните средини,
-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.
Исто како и во ИПАРД I и ИПАРД II програмите, Мерката 1 ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА ќе биде застапена и во новата ИПАРД III програма( 2021-2027), чија имплементација се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.
Прифатливи сектори за поддршка со оваа мерка се:
• Сектор за растително производство
• Сектор сточарство
• Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на
земјоделското стопанство
• Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку
обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен
биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на
сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.
Секторот сточарство опфаќа одгледување и изградба на фарми за
-Говеда (за млеко и гоење),
-свињи (за репродукција и гоење),
– овци и кози (за млеко и гоење),
– живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки);
Исто така во приоритетниот сектор Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, а во делот поврзан со сточарството спаѓаат и активностите поврзани со подготовка, директна продажба и други маркетинг активности на земјоделското стопанство, вклучително и за преработени производи на земјоделското стопанство како на пр.
-млеко и млечни производи,
– месо и месни производи;
Кој може да биде корисник :
I. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во
понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од
физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско
стопанство претставувано од правно лице.
I.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на
земјоделското домаќинство.
I.2 Индивидуален земјоделски производител
I.3 Земјоделско стопанство преставувано од правно лице
II. Задруга
Прифатливи инвестиции се :
• Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство
(како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, итн) ;
• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за подобрување на стандардите на
благосостојбата на животните (постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и
размножување, чистење на арското ѓубре, одмор на отворен простор итн.);
• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за заштита на животната средина
(енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на арско
ѓубре, отпад и третман на нус-производи, третман на вода, итн.), вклучувајќи и ублажување на
последиците од климатските промени (заштитни покривки, сенки и сл), вклучувајќи и
обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да
се задоволат потребите на земјоделското стопанство за сопствените активности на
земјоделското производство;
• Набавка на специјализирани транспортни приколки и возила, како што се земјоделски
приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на
производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт
на арско ѓубре, транспорт на опрема за биомаса и сл.;
• Развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и
реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за
снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување
(дренажа), артески бунари, оградување, итн. и други подобрувања на надворешниот простор од
имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите
земјоделски активности.
Се очекува во новата ИПАРД 3 програма да биде подигнат прагот на минималната вредност на инвестициите и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра.
Една од најавените промените е начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Предлог-програмата за ИПАРД 3 предвидува авансна исплата на средства и тоа до 50 % од сумата.
Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.
Вкупната финансиска поддршка која ќе се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Имплементацијата на новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.
За повеќе информации околу условите, и потребната документација, како и за изготвување на апликации можете да се обратите во Консултантски центар АГРОКУЛТУРА КОНСАЛТИНГ или на тел 071 381-453