ЕУ ВЕЌЕ ПОЧНА ОФИЦИЈАЛНО ДА ГО КОРИСТИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Целта на Поимникот и Речникот со македонски зборови е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко.

На темата „Родово чувствителна комуникација“ беше организирана дводневна регионална виртуелна работилница. Повеќе од 60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција имаа можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово-одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација.

Од 2013 година, Евопскиот институт за родова еднаквост работи со седум земји кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати на Западен Балкан и Турција за да го изградат својот капацитет за родова еднаквост според Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од Европската комисија.

Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост , освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и босански јазик.

Речникот е достапен на следниот линк : A-Z Index | European Institute for Gender Equality (europa.eu)